Барселона го одби Јувентус и одреди нереална сума за својот дефанзивец

Барселона ја одби првата понуда на Јувентус за дефанзивецот Роналд Араухо . Не е тајна дека „бјанконерите“ имаат итна потреба од дефанзивни засилувања поради повредите на Бремер и Хуан Кабал и го насочија 25-годишниот Уругваец, откако веќе ја испратија првата конкретна понуда за него. Сепак, таа беше одбиена од Каталонците, пишува „Мундо Депортиво “.

Се шпекулира дека понудата на „бјанконерите“ била со вкупна вредност од 30 мил. евра. Сега ќе се плаќа 5 милиони за позајмица, па Барса добива уште 20 за да му ги откупи правата на лето, со уште 5 во вид на разни бонуси.

Сепак, Барселона категорично ја одби оваа понуда и му одреди многу повисока цена на Араухо во износ од 70 мил. евра. Причината за ова е што за играчот е заинтересиран и Арсенал.

Сепак, ваквата сума делува сосема нереално, со оглед на тоа што договорот на Уругваецот истекува за една година, а тој до неодамна се опоравува од повреда и во моментов не е во оптимална форма. Се очекува преговорите со Јуве да продолжат, но доколку Арсенал драстично не ги намали барањата, тешко е да се постигне договор.

Се вчитува...