„Шведскиот Македонец“ ќе го менува Кварацхелија во Наполи

Дејан Кулушевски, крилниот фудбалер на Тотенхем би можел да се врати во Италија и да го засили Наполи, тврдат италијанските медиуми. Кулушевски треба да дојде во Неапол како замена за Квича Кварацхелија, кој за 80 милиони евра треба да се пресели во ПСЖ.

Иако трансферот на Грузиецот не е сигурен, сепак, Наполи сака да се подготви за замена. Покрај Кулушевски, меѓу кандидатите за замена за Квича се уште и Един Жегрова од Лил и Федериоко Киеза од Ливерпул.

24-годишниот Швеѓанец со македонско потекло, има искуство со играње во Италија. Во минатото настапуваше во Парма, Аталанта и Јувентус пред да биде продаден во Тотенхем во 2022 година. За Спарс има одиграно 126 меча, 22 гола и 27 асистенции.

Се вчитува...