Се подготвува шокантен трансфер: Донарума се враќа во Милано, но не во Милан

Интер подготвува амбициозна понуда за голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума . „Нероаѕурите“ будно ја следат ситуацијата со италијанскиот интернационалец и можно е да се обидат да го земат во своите редови, тврди „Скај Италија “.

Интер веќе бара замена за Јан Сомер, кој има 36 години, а освен тоа, неговиот настап оваа сезона е далеку од брилијантен како што беше во првата сезона со тимот на миланскиот гигант. Токму поради тоа на „Џузепе Меаца“ сериозно размислува да се обиде да го одземе Донарума од ПСЖ.

26-годишниот чувар има договор со францускиот клуб до 2026 година и во моментов неговата иднина не е сосема јасна. Тој води преговори за продолжување на договорот, кои сепак се далеку од финализирање. Токму поради тоа Интер се надева дека ќе може да влезе и да ги замати водите околу Донарума.

Овој трансфер и тоа како би донел потреси во Италија, особено во Милано. Донарума е дете на Милан, а неговиот премин во ПСЖ предизвика многу гнев кај навивачите на „росонерите“. А, ако се случи да замине во Интер, тогаш тоа би било уште поголем шок за тифозите на „црвено-црните“.

Се вчитува...