Иако се уште е доста млад, Винисиус Јуниор реши да влезе во водите на бизнисот и да стане сопственик на фудбалски клуб.
Ѕвездата на кралскиот клуб реши да влезе во бизнисот со вода и да купи акции во фудбалски клуб во Португалија. Како што објави ЕСПН, станува збор за Портимоненсе, екипа која се натпреварува во вториот фудбалски ред на оваа земја.
Во тоа првенство играат и вторите тимови на Бенфика и на Порто, а лигата брои вкупно 18 екипи. Претседател на Портимоменсе е Бразилецот Родинеј Сампајо. Споменатиот клуб има вредност од 14 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА