Интер остана без уште еден важен играч за мечот со Венеција

Откако беше без Јан Бисек на натпреварот против Венеција во недела, Интер сега би можел да загуби уште еден важен играч. Станува збор за играчот од средниот ред Хенрик Мхитарјан . Ерменецот го напушти последниот тренинг на „нероаѕурите“ со болки во мускулите и допрва треба да оди на дополнителни прегледи, но шансите да заигра не се многу големи.

Интер игра со Венеција во недела попладне, па нема да има многу време медицинскиот штаб на тимот да го крене Мхитарјан на нозе. Сепак, конечната одлука ќе ја има тренерот Симоне Инзаги, кој ќе одлучи дали ќе ризикува со вклучување на 35-годишниот играч откако ќе ја запознае неговата состојба.

Ова е уште еден проблем за тренерот, кој повеќе не може да се потпре на Хакан Чалханолу, Хоакин Кореа и Франческо Ачерби. Давиде Фратези исто така најверојатно нема да игра во недела бидејќи моментално се водат преговори за негов трансфер во Рома. Така, Пјотр Зиелински најверојатно ќе стартува во средниот ред.

Се вчитува...