Ѕвездата на Манчестер Јунајтед бара огромно покачување на платата

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Коби Мајнo побара огромно зголемување на платата за да потпише нов договор со клубот, откри TribalFootball. 19-годишниот талент бара неговата плата да се зголеми десеткратно од она што моментално го добива.

Актуелниот договор на Мајнo е до 2027 година. Платата што ја зема е во висина од 20 илјади. фунти неделно. Клубот сака да го обврзе долгорочно и да му го зголеми надоместокот. Но, не до 200.000 што ги бара играчот.

Играчот од средниот ред е клучен играч за Манчестер Јунајтед и англиски репрезентативец. Сепак, ваквото зголемување е нереално за 19-годишен играч кој се уште не го достигнал целиот свој потенцијал. Тоа е уште повеќе во моменталната ситуација на „Олд Трафорд“ во кој клубот нема неограничени финансии. 

Во меѓувреме, Челси внимателно ја следи ситуацијата и може да се обиде да ја искористи доколку односот помеѓу Мајно и Манчестер Јунајтед се расипе.

Се вчитува...