Аргентинскиот напаѓач Мауро Зарате објави дека се повлекува од својата играчка кариера.
37-годишниот напаѓач изјави дека „најубавата етапа“ во неговиот живот завршува, но посочи дека не се збогува со фудбалот.
Зарате е познат по своите настапи за тимови како Лацио, Интер, Фиорентина, Бока Јуниорс, Велез Сарсфилд, Вест Хем. Последниот меч со Данубио го одигра во 2023 година, а потоа не успеа да настапи на ниту еден меч, по што се реши да се повлече од професионалното играње на фудбал.
И покрај тоа што играше во големи клубови во Италија и во Англија, сепак, не доби шанса никогаш да игра за репрезентацијата на Аргентина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

