Ваљадолид до важни бодови за опстанок, го совлада Бетис

Екипата на Ваљадолид дојде до четвртата победа во Ла Лига, откако на домашен терен го совлада тимот на Бетис минимално со 1-0. Ова беше важен триумф за домашните во битката за опстанокот.

Стрелец на единствениот гол беше Перез во 58. минута од средбата.

Ваљадолид со оваа победа собра 15 бодови, колку што има и Еспањол, и еден помалку од Гетафе. Оваа победа не  одговора на Валенсија, која има три бода помалку на дното на табелата.

Се вчитува...