Англискиот фудбалер Кајл Вокер, побарал веднаш да си замине од Манчестер Сити, со што е можен трансфер уште во јануари, потврди тренерот на „Граѓаните“ Пеп Гвардиола.
Менаџерот на Сити откри дека англискиот репрезентативец побарал трансфер, и после осум години го напушт „Етихад“.
„Пред два дена, Кајл дојде и рече дека сака да ги разгледа опциите да замине надвор на крајот од неговата кариера“, изјави Гвардиола.
Вокер во минатото играше во Астон Вила, КПР, Шефилд Јунајтед, а голем дел од кариерата мина и во Тотенхем. За Англија има одиграно 93 натпревари и постигнато еден гол. 34-годишниот фудбалер најверојатно кариерата ќе ја продолжи во МЛС Лигата во САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА