Јовиќ со рекорд на сезоната, Морант и Хиро ја одбележаа НБА-вечерта (ВИДЕО)

Мајами триумфираше на гостувањето против Портланд со 98-119 во еден од четирите синоќешни натпревари во НБА лигата, во кој Тајлер Хиро беше предводник до триумфот.

Хиро постигна 32 поени, вторпат во 2025 година реализира над 30 поени, со погодени седум тројки. Мајами има три победи по ред. Одлична партија во победата на Мајами имаше и српскиот репрезентативец Никола Јовиќ со 21 поен, а дополнети и со осум скока и пет асистенции, што за него е рекорд сезонава.

Детроит го победи Торонто со 123-114, во меч во кој Кејд Канингем предводеше со „трипл-дабл“ од 22 поени, 10 скока и дури 17 асистенции, со што го однесе Детроит до деветтата победа на последните 11 меча.

Извонредно интересно беше во Минеаполис каде Мемфис славеше против Минесота со 125-127 предводени од Џа Морант кој се разигра во последната минута па низ индивидуални акции реализираше два напади со кои му донесе триумф на својот тим.

Феникс триумфираше против Јута со 114-106 во натпреварот во кој најефикасен беше Девин Букер со 34 поени, а Кевин Дурант уфрли 25 поени.

Се вчитува...