Српскиот напаѓач Лука Јовиќ е отпишан од Милан, но „росонерите“ се уште не добиле понуда за него. Засега нема тим кој би го довел во своите редови.
А, пред само неколку години, Лука Јовиќ безмилосно стрелаше за Ајнтрахт Франкфурт по што му се предвидуваше огромна кариера исполнета со трофеи. Но, Лука очигледно потоа ја направи најголемата грешка во кариерата. Меѓу бројните понуди го избра Реал Мадрид и тука беше крајот.
Јовиќ се загуби по тој трансфер вреден 60 милиони евра. Едвај играше во Мадрид, па следуваа позајмици во Ајнтрахт и Фиорентина, за да потпише и за Милан. Сега, шест месеци пред истекот на договорот, „росонерите“ му ја покажауваат излезната врата.
„Лука Јовиќ е играч на кој повеќе не се смета. Клубот напорно работи да го продаде“ – информираат Италијанците.
Факт е дека српскиот напаѓач доживеа голем колапс во кариерата на само 27 години. Од ѕвезда во најава, до играч кого ниту еден клуб не го сака. Интересно е дека Јовиќ одби да замине минатото лето. Имаше две одлични понуди да ја продолжи кариерата, но реши да ја чека шансата во Милан, која никогаш не ја доби.
Сезонава забележа три настапи во црвено-црниот дрес, а вкупно од јуни 2023 година настапи на 33 натпревари и постигна девет гола.
Како што е познато, претходно играше за Црвена звезда, со која исто така се поврзуваше во минатото, како и за Бенфика, Ајнтрахт, Фиорентина и Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА