Бекер „удри“ по Ѓоковиќ: Почна да зборува за се и сешто, а најмалку за тенис!

Германската тениска легенда Борис Бекер со серија критики за Новак Ѓоковиќ пред почетокот на Австралија опен во Мелбурн.

Поранешен тренер, на гостување во подкаст, упати тешки зборови за поранешен ученик.

„Ѓоковиќ последниве месеци не се занимава само со тенис кој како да не му е приоритет. Зборува за разни работи, но најмалку за тенис. Има само една победа на турнирите во 2024 година, иако беше секако најважна победа – олимпиското злато во Париз. Нема победа на ниту еден друг турнир, а тоа не се случило од 2005 година“ – вели Бекер притоа дополнувајќи:

„Место да се фокусира на тоа што е негов приоритет, играше двојки со тенискиот насилник Ник Киргиос, зборуваше за допинг скандалот околу светскиот рекет број еден Јаник Синер и го доведе поранешниот професионалец Енди Мареј за нов тренер. Пред само неколку дена, тој рече дека имал труење со храна во хотелот за депортација во Мелбурн во 2022 година, кога бил депортиран од земјата затоа што не бил вакциниран против коронавирус“.

Бекер објасни зошто му пречи сето тоа…

„Ѓоковиќ е најуспешниот играч на сите времиња, знам дека сака да освои уште еден грандслем турнир. И му треба сета енергија што му остана, и затоа мора да покаже одредена воздржаност“.

Српскиот тенисер, кој сега падна на седмото место на АТП листата, во првото коло во Мелбурн ќе се соочи со Американецот Нишеш Башавареди (19). Со 25 грандслем титула, тој би бил единствениот рекордер пред Австралијката Маргарет Корт.

Кога станува збор за најуспешните комбинации на играчи и тренери во тенисот, Ѓоковиќ и Бекер се меѓу најдобрите во историјата. Нивната соработка траеше од крајот на 2013 до 2016 година. Во тој период, Ѓоковиќ освои шест грандслем титули, вклучувајќи ја и првата титула на Ролан Гарос. Покрај тоа, тој освои и 14 Мастерс турнири и двапати ја заврши годината како светски рекет број еден.

Се вчитува...