Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка лесно се пласираше во второто коло на Австралија Опен совладувајќи ја Американката Слоун Стивенс со 6-3, 6-2, по нешто повеќе од еден час игра.
Првиот сет беше невообичаен, бидејќи Сабаленка испушти две брејк-топки пред да ја направи клучната во осмиот гем. Таа потоа заработи уште два брејка, кои овојпат ги спаси и се пласира во следната рунда, каде ќе игра против Шпанката Џесика Бузас Манеиро, која ја совлада Соња Картал со 6-1, 7-6 (5).
Eyes firmly on three in a row 👀
Defending champion Aryna Sabalenka gets through Stephens 6-3, 6-2 to move on! 🐯@wwos • @espn • @eurosport • @wowowtennis • #AusOpen • #AO2025 pic.twitter.com/G6WZzAOmuf
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 12, 2025
Пола Бадоса претходно ја совлада Ксина Ванг со 6-3, 7-6 (5), а нејзина следна противничка ќе биде победничката од дуелот Зејнеп Сонмез – Талија Гибсон.
Лејла Фернандез беше подобра од Јулија Стародубцева со 7-5, 6-4, а нејзин следен ривал е победничката од дуелот Кристина Букс – Клои Паке.
Татјана Марија ја победи Бернарда Пера со 7-6 (3), 6:-4, а во второто коло ќе игра со Клара Тоусон, која ја совлада Линда Носкова со 5-7, 6-3, 6-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА