Кајл Вокер на преговори со Милан

Кајл Вокер водел разговори со раководството на Милан за трансфер во редовите на италијанскиот гигант во текот на јануарскиот преоден рок. Англискиот дефанзивец е незадоволен од минутажата што ја има кај Пеп Гвардиола и веќе побарал трансфер од управата на Манчестер Сити, која е подготвена да даде зелено светло за негово заминување од клубот.

Вокер верува дека може да игра на високо ниво и бара клуб каде ќе има значителна минутажа, нешто што Милан е подготвен да му го гарантира, особено ако се земат проблемите со одбраната што „росонерите“ ги имаат од стартот на оваа сезона. Сепак, ставот на Милан е јасен – Вокер мора да се избори за раскин на договорот со Сити за италијанскиот клуб да не плати никаква отштета, туку тие пари потоа да бидат искористени како бонус за потписот што ќе заврши на сметката на долгогодишниот англиски репрезентативец.

Двете страни засега не се блиску до договор, но доколку Сити се согласи на раскин преговорите ќе се интензивираат во наредните денови. Во меѓувреме, сериозен интерес за овој фудбалер покажаа и клубови од Саудиска Арабија кои му нудат повеќе пари во однос на Милан, па интересно ќе биде да се види каква одлука ќе донесе Кајл Вокер.

Се вчитува...