Поранешниот кошаркар на Партизан, Пи Џеј Доужер и официјално е нов кошаркар на Анадолу Ефес, објави турскиот клуб.
Доужер неодамна доби отказ од НБА кога Минесота го ослободи, а беше објавено дека покрај Ефес за него се интересираат и Макаби и Партизан, но тој се одлучи за Турција. Првите чекори во Европа Доужер ги направи во дресот на Партизан, а потоа се врати во НБА, но во Минесота не одигра најдобро и до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Ефес.
Тој е поранешен член на Оклахома, Бостон, Денвер и Сакраменто.
✍️ Başarılı oyuncu P.J. Dozier ile sezon sonuna kadar sözleşme imzaladık! #BenimYerimBurası pic.twitter.com/ayqgdWib08
— Anadolu Efes SK (@AnadoluEfesSK) January 12, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА