Каков потоп на „кралевите“: Барселона за само 48 минути веќе му сервира „петарда“ на Реал (ВИДЕО)

Неверојатно „Ел Класико“ играат Реал Мадрид и Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп во Џеда, во кое по само 48 минути игра каталонскиот тим има предност од 1-5.

Килијан Мбапе по само пет минути го доведе Реал Мадрид во водство и со тоа само ги налути фудбалерите на Барселона.

Веќе во 22. минута Каталонците израмнија со голот на тинејџерската супер-ѕвезда Ламин Јамал.

Барселона во 35. минута доби и пенал, а Роберт Левандовски беше прецизен за 1-2.

По само три минути уи Рафиња стрелаше за водство од 1-3, а пред полувремето беше и 1-4 со голот на Балде.

Во второто полувреме во 48. минута Рафиња повторно стрелаше и за 1-5.

Се вчитува...