Денвер предводен од Никола Јокиќ стигна до нов триумф во НБА лигата, овој пат на гостувањето во Тексас против Далас со 112-101 во натпревар во кој тимот од Колорадо направи целосен пресврт откако имаше двоцифрена негатива на влезот на последната четвртина.
Српскиот центар постигна 19 поени, 18 скокови и 9 асистенции, додека Томпсон беше лидер на Далас со 25 поени и 6 скокови.
Убедлив триумф забележа и Њујорк кој во дуелот против Милвоки беше шутерски расположен постигнувајќи 140 поени, наспорти 106-те на противникот.
Брансон беше лидер на Никс со 44 поени, 5 скокови и 6 асистенции, додека 24 поени и 13 скокови за Бакс забележа Адетокумпо.
Во останатите натпревари:
Чикаго – Сакраменто 119-124
Бостон – Њу Орлеанс 120-119
Кливленд – Индијана 93-108
Орландо – Филаделфија 104-99
Вашингтон – Оклахома 95-136
Јута – Бруклин 112-111
Феникс – Шарлот 120-113
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА