Арсенал остана со шанса за трофеј помалку откако беше поразен од Манчестер Јунајтед по изведување на пенали во 3. коло од ФА Купот.
Избраниците на Микел Артета имаа фудбалер повеќе на теренот речиси еден час, но не успеаја да постигнат повеќе од еден гол за 120 минути игра при 26 обиди кон противничкиот гол.
„Неверојатно. Сите на крајот на денот го мерат вашиот учинок на основа на конечниот резултат и покрај тоа што „милијарда отсто“ заслуживте да победите.
Ги сакам своите играчи и сакам колку се добри и тоа што го прават бидејќи ако од илјада натпревари треба да загубивиш еден, веројатно овој беше тој. Одиме понатмау, немаме време да гледаме наназад бидејќи веќе во среда имаме нов голем натпревар“, изјави Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА