Кинески клуб со богата понуда по потписот на Исник Алими

Кинескиот клуб Далијан Јингбо, е заинтересиран за услугите на македонскиот репрезентативец Исник Алими. Алими кој во моментов е дел од Сепси од Романија, би можел сериозно да ја разгледа понудата од Кина.

Алими го сврте вниманието кон себе по одличните настапи за Сепси сезонава, но и по одличниот циклус во Лигата на Нации за Македонија. Понудата од Кина е далеку подобра финансиски од Романија, и сега на самиот фудбалер е да одлучи дали ќе ја напушти Европа.

Алими во минатото беше дел и од Габала, а играше и за Шибеник, Римини, Виченца, Форли, беше дел и од Аталанта, но без настап, а играше и за Лумецане, Киево и Новиград.

Се вчитува...