Астон Вила официјално се засили со холандскиот репрезентативец Донјел Мален од Борусија Дортмунд. Мален со „милионерите“ лани играше во финалето во ЛШ, а пред две сезони за „влакно“ ја загуби титулата во Бундеслигата.
Клубовите не ја објавија вредноста на трансферот, ниту должината на договорот, а германските медиуми објавија дека договорот е вреден околу 30 милиони евра.
За Борусија оваа сезона одигра 21 натпревар и постигна пет гола во сите натпреварувања. За холандската репрезентација забележа 41 настап и постигна девет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА