Екипата на Милано убедливо со 100-68 го прегази тимот на Алба Берлин во 21. коло во Евролигата. Без Ненад Димитријевиќ, италијанскиот тим ја забележа најубедливата победа сезонава во најелитното европско натпреварување.
Иако после првиот дел не се чинеше дека Милано ќе дојде до толку убедлив триумф, сепак, во вториот дел домашните кошаркари целосно го демолираа противникот. Никола Миротиќ беше најефикасен со 21 поен.
Басконија на свој паркет беше блиску до сензација и победа над лидерот на табелата Олимпијакос, но грчкиот тим успеа во последните секунди да се спаси и да израмни, а потоа во продолжението да дојде до триумф од 101-102.
До победа, но во регуларниот дел дојде екипата на Париз, која ја совлада екипата на Анадолу Ефес со 88-84. Домашните дојдоа до триумф во последните мигови кога ја направија клучната разлика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА