Димитриевски со „чиста мрежа“, Валенсија во 1/4 финалето на Купот

Македонскиот голман Столе Димитриевски беше еден од клучните фигури за пласманот на Валенсија во 1/4 финалето на Купот на Шпанија, откако вечерва го совлада тимот на Оуренсе со 0-2.

Димитриевски имаше три одбрани во мечот кој неговите соиграчи на крајот го решија во своја корист, благодарение на головите во вториот дел.

Кармона си постигна автогол во 50. минута од средбата, а Садик во 78. минута успеа да зголеми на 0-2 и да ја донесе победата на својата екипа.

Се вчитува...