Ѓоковиќ загуби сет и врескаше на теренот, но успеа да слави над Фарија

Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло од Австралија Опен откако српскиот тенисер славеше на дуелот со Португалецот Фарија со 3-1 во сетови. Србинот делуваше пренервозно на теренот, врескаше за време на вториот сет во кој направи бројни грешки и на крајот го загуби, но сепак најде начин да се врати и рутински да го приведе мечот до крја.

Новак го доби првиот сет со 6-1, а потоа отвори со брејк и во вториот, но следеше огромен пад по кој Фарија стигна до предност од 2-5. Ѓоковиќ во неколку ситуации врескаше и кон својот тренерски тим, успеа да израмни на 5-5, но го загуби тајбрејкот со 4-7. Ѓоковиќ сепак се консолидираше и без премногу драма ги доби следните два сета со 6-3, 6-2, обезбедувајќи пласман во третата рунда.

Таму го очекува дуел со Томас Махач, кој славеше во маратонот против Рајли Опелка, славејќи со 3-2 во сетови иако имаше негатива од 0-1 и од 1-2.

Карлос Алкараз за разлика од Ѓоковиќ немаше никакви проблеми на својот меч, славејќи со 3-0 над Нишиока (6-0, 6-1, 6-4).

На женскиот дел од турнирот, Олга Даниловиќ славеше над Самсонова со убедливи 6-1, 6-2, Пегула беше подобра од Мертенс со 2-0, додека Осака го загуби првиот сет од Мучова со 1-6, но јапонската тенисерка сепак успеа да се врати и да слави со 2-1 во сетови на крајот.

Се вчитува...