Никола Јокиќ стигна до трипл-дабл и на последниот меч во Далас, на кој српскиот центар успеа да урне уште еден извонреден рекорд во историјата на НБА-лигата.
Имено, со осмата асистенција на овој натпревар Јокиќ стана кошаркар кој најбрзо ги урнал границите од 15.000 поени, 7.500 скокови и 5.000 асистенции во НБА. На Србинот му беа потребни само 709 мечеви за да стигне до овие бројки, а за големината на достигнувањето најдобро говори фактот дека досегашен рекордер беше легендарниот Лари Бирд, кој стигна до нив со 90 натпревари повеќе од Јокиќ.
Воедно, српскиот ас стана само втор центар во историјата на НБА што ја пробил границата од 5.000 асистенции, по легендарниот Карим Абдул Џабар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА