Џонов: Унгарија е меѓу најдобрите во светот, но тоа не значи дека ќе се предадеме

ЕКИПА во Хрватска,

Стеван Цаневски

Македонските ракометари со нетрпение го очекуваат отворањето на новото СП и премиерниот меч што нашиот национален тим вечерва ќе го игра против селекцијата на Унгарија.

Првиот меч ќе го играме токму против најсилната репрезентација во групата Д, но нашите репрезентативци тоа го користат како мотив плус, токму против ривал од самиот врв на светскиот ракомет да ги покажат своите квалитети.

„Играме против една од најсилните селекции во светот, репрезентација што е максимално добро покриена на сите позиции и игра модерен ракомет. Можам да кажам дека добро ги анализиравме, знаеме што да очекуваме, јасно е дека тие се фаворити, но тоа не значи дека ние ќе се предадеме. Најважно ќе биде да ја играме нашата игра, да го исполниме она што стручниот штаб ќе го побара од нас, со реализација на тој план би можеле да се надеваме на позитивен резултат ако ни се укаже шанса за такво нешто“, изјави Иван Џонов во пресрет на денешниот дуел.

Се вчитува...