Словенечкиот кошаркар на Далас Маверикс, ѕвездата Лука Дончиќ треба да се врати од повреда пред Ол-стар викендот во НБА кој е закажан од 14. до 16. февруари.
Репрезентатиецот на Словенија заработи повреда на листот за време на натпреварот против Минесота на 25. декември и не можеше да им помогне на своите соиграчи кои забележаа седум порази во последните десет натпревари.
Дончиќ оваа сезона бележи просек од 28.1 поен, 8.3 скокови и 7.8 асистенции, но нема да биде во конкуренција за МВП признание бидејќи веќе пропушти 18 натпревари во сезоната. Како потсетување, за да биде во конкуренција мора да одигра 65 од 82 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА