Бојан Димоски е желба на ТСЦ Бачка Топола

Македонскиот репрезентативец Бојан Димоски е на „мета“ на српскиот суперлигаш ТСЦ Бачка Топола.

Димоски, кој член на рускиот Акрон, е желба на ТСЦ во обидот да ја засили левата бековска позиција. Македонскиот фудбалер со рускиот тим има договор до 2027 година, но според информациите од Србија, ТСЦ е подготвен да го откупи неговиот договор како би добил засилување за пролетните настапи во Конференциската лига на УЕФА.

Србите обезбедија пласман во плејофот од Конференциската лига и во февруари ги очекува елиминациската фаза против полската Јагелонија во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.

Бојан Димоски, кој претходно настапуваше и за Вардар и за АП Брера, ужива континуирана доверба од македонскиот селектор Благоја Милевски, досега забележувајќи 18 настапи во националниот дрес.

Се вчитува...