Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди и официјално е слободен откако денеска се раздели со турскиот Трабзонспор. Барди и раководството на турскиот клуб со взаемен договор ја прекинаа соработката, па нашиот капитен ќе може без никакво обештетување да ја промени средината оваа зима.
Трабзонспор како клуб му врачи специјална плакета на Барди во знак на благодарност за сето она што го направи за клубот во изминатите две и пол години. Играчот за врска може да потпише си било кој клуб кој ќе му понуди најдобар проект и најдобри услови, а како што јавуваат турските новинари, најпримамливи за Барди се две понуди од Шпанија.
Меѓу кандидатите за потписот на Барди се Еспањол и Рајо Валјекано на кои им е потребен играч со квалитетите на нашиот капитен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА