Македонската репрезентација одигра одличен меч на отворањето на СП 2025, по голема борба ремизирајќи со Унгарија со 27-27. Фаворитот во групата беше на колена, во долги периоди нашата репрезентација доминираше на теренот, па иако овој бод е огромен, останува тагата што оваа беспрекорна партија, со извонредните навивачи на трибините, не беше крунисана и со триумф.
Крилото Ненад Костески по мечот беше задоволен и покрај тоа што пропуштивме победа…
„Тежок и исцрпувачки натпревар во кој го дадовме максимумот. Малку фалеше да стигнеме до победа. Тоа е главата горе и одиме понатаму. Радосен сум што момците изгинија и мило ми е што покажавме дека одиме напред. Ова е мотив за нас да одиграме уште еден ваков натпревар“, изјави Костески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА