ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Ремито со Унгарија е фантастичен резултат за македонската ракометна репрезентација, но емоциите по пропуштената шанса за триумф мора што поскоро да се остават зад себе бидејќи веќе утре нашите репрезентативци ги очекува нов предизвик, дуел со Холандија (18 часот).
„Лалињата“ исто така се многу опасен ривал што пред две години рутински ја доби Македонија на СП во Краков, но македонските ракометари не кријат дека сакаат да се реваншираат за тој пораз.
„Имавме многу време да го спремиме мечот со Унгарија, бевме одлично подготвени за нивната тактика. Не можам да кажам дека сум задоволен од резултатот, но исто така и не може да се биде разочаран кога ќе се одигра нерешено со еден таков противник. Не мислам дека бевме потценети, реалноста е дека ние бевме навистина добри, одигравме на највисоко ниво, гиневме еден за друг, имавме поддршка од голманите… Одима понатаму, пред нас е нов меч. Ќе мораме да го извлечеме максимумот и со Холандија, да се обидеме да победиме на овој натпревар. Потоа следи Гвинеја, јасно е дека наша желба е да се пласираме во следната фаза и таму да одиграме квалитетно, да стигнеме до нови бодови“, изјави Мартин Серафимов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА