Конор Мегрегор повторно обвинет за силување

Прославениот ММА борец Конор Мегрегор повторно е обвинет за силување. Овој пат во Соединетите американски дражави каде злоупотребил жена на НБА натпреварот помеѓу Мајами и Денвер минатата година, носејќи ја во тоалетот со помош на неговите телохранители, кои подоцна стојат пред вратата.

Од целиот немил настан има и видео доказ, а и покрај тоа што првично полицијата во Мајами не го истражи случајот поради недоволни докази, 49-годишната жена која сака да остане анонимна поради политичката функција која ја врши се одлучи на приватна тужба.

Адвокатите на Мегрегор се надеваат дека случајот нема да стигне ниту до суд поради недоволните докази и поминатото време, нешто што не беше случај во последното обвинение по која Ирецот беше прогласен за виновен за силување.

Како потсетување, во декември 2024 година, Судот во Даблин го прогласи виновен за силување на Никита Хенд по судење кое траеше шест часа и 10 минути. Вкупниот износ за оштета која и беше доделен на Хенд изнесуваше 248.603 евра.

Се вчитува...