Синер загуби сет, па се налути против домашната надеж

Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер се пласираше во третото коло на првиот гранд-слем турнир во сезоната, Австралија опен.

Италијанецот во својот втор натпревар на турнирот во Мелбурн славеше против домашната надеж Тристан Скулкејт со 3-1, по сетови 4-6, 6-4, 6-1 и 6-3.

Синер го загуби првиот сет, но потоа брзо ја заврши целата работа за пласман во третата рунда каде за противник ќе го има Американецот, Маркос Џирон.

Се вчитува...