Уапсен поранешен ас на Реал Мадрид, поради одгледување ракови

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Фабио Коентрао е уапсен поради нелегално одгледување ракови.

Како што пренесуваат португалските медиуми, Коентрао без дозвола одгледувал повеќе од еден тон ракови, вклучувајќи јастози поради што е приведен.

Португалецот откако пред три години ја заврши својата фудбалска кариера се посвети на рибарството, како стопанска дејност, но сега заврши во притвор.

„Мојот татко отсекогаш беше во оваа работа која и јас ја засакав. Секогаш кога бев на одмор, бев на море каде се чувствувам среќен, сакам да живеам таков живот. Многумина мислат дека ова е срамна работа, но не е така. Ова е работа како секоја друга и треба да се почитува. Покрај тоа, морето е прекрасно и треба да го негуваме“ – истакна Португалецот во моментите кога почна да се занимава со рибарството.

Коентрао има две титули во Лигата на шампионите и две во шпанското првенство со Реал Мадрид. За португалската репрезентација има 52 настапи и пет постигнати голови.

Се вчитува...