Дарвин Нуњез не успеа да се снајде најдобро во дресот на Ливерпул по пристигнувањето од Бенфика, па не е во прв план и кај новиот менаџер на клубот Арне Слот.
Токму поради тоа веќе извесен период Нуњез е во потрага по нова средина, а и Ливерпул стави до знаење дека е подготвен да го продаде за вистинската цена. Интерес за него досега покажаа Милан и Атлетико Мадрид, но ниту еден тим не одлучи да испрати официјална понуда.
Сега конечно, островските медиуми пренесуваат дека до Ливерпул е пристигната конкретна понуда, и тоа од еден од најлутите ривали на клубот, Манчестер јунајтед.
Јунајтед сега е главен кандидат за купување на Нуњез. Ништо чудно ако се знае дека токму „црвените ѓаволи“ го следеа уште пред да пристигне на „Енфилд“. Ливерпул дал согласно и за премин на напаѓачот во Јунајтед, но се разбира за прифатлива финансиска понуда која би била на задоволство на двете страни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

