Оклахома Сити одигра уште еден импресивен меч, декласирајќи го Кливленд со убедливи 134-114, со што Шеј Гилџус Александер и соиграчите го зедоа скалпот на тимот што досега имаше најдобар скор во НБА-лигата. По ова дерби, сега Оклахома Сити и Кливленд имаат идентични 34-6, за убедливо водство во своите конференции.
Гилџус Александер одигра меч за паметење, реализирајќи 40 поени и осум асистенции, а извонредниот плејмејкер стигна до овие бројки иако воопшто не влезе во игра во последната четвртина. Дорт имаше 22, а Вилијамс 19 поени за победничкиот тим, а клучна беше и одличната одбрана врз најдобриот гостински кошаркар Донован Мичел, кој реализираше скромни 8 поени со шут од поле 3/15,
ЛА Клиперс лесно стигна до победа на гостувањето против Портланд, триумфирајќи со 89-118. Нецели 24 часа откако го демолираа тимот на Бруклин со 59 поени, клиперси одиграа уште еден квалитетен меч, во последната четвртина имаа и „плус 34“ за на крајот да слават со „плус 29“. Пауел беше прв стрелец со 23 поени, пред Харден со 19 поени зад своето име, додека прв стрелец на Портланд беше Далано Бантон со 23 поени.
Резултати НБА:
Детроит – Индијана 100-111, Вашингтон – Феникс 123-130, Оклахома Сити – Кливленд 134-114, Портланд – ЛА Клиперс 89-118, Сакраменто – Хјустон 132-127,
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

