Алегри презема клуб од Саудиска Арабија

Трофејниот италијански тренер Масимилијано Алегри од следната сезона ќе биде нов тренер на Ал-Ахли од Саудиска Арабија, клуб чиј дел во моментов е македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски.

По отказот во Јувентус, за Алегри ова е прв ангажман, враќајќи се на тренерскиот повик, сега преземајќи го тимот кој во моментов е на 5. место во шампионатот на Саудиска Арабија. Ал Ахли е трикратен шампион на Саудиска Про-лига, последен пат во 2016 година.

Алегри пет пати беше шампион на Италија со Јувентус, исто толку пати освојувач на купот, два пати освојувач на Супер купот и два пати финалист во Лигата на шампионите. Во својата тренерска кариера беше на чело и на Милан освојувајќи ја титулата во Серија А а беше тренер и на Каљари, Сасуоло, Гросето и СПАЛ.

Се вчитува...