Реал Мадрид преку продолженија обезбеди место во четвртфиналето од Купот на Шпанија, откако во регуларниот дел испушти и водство од 2-0 па на крај Селта Виго со два гола во финишот дојде до 2-2.
Но, низ продолженијата три гола на „кралевите“ за пласман понатаму во најмасовното шпанско клупско натпреварување.
Сепак, навивачите на кралскиот клуб очигледно не се задоволни од изданијата на своите миленици. Уште пред мечот, при официјалното претставување на тимот, крајно изненадувачки тренерот Карло Анчелоти доби свирежи од „Сантијаго Бернабеу“. Човекот кој донесе бројни трофеи за клубот, сега е на удар на навивачи.
По мечот, Анчелоти ги коментираше свирежите од навивачите…
„Свирежите од ‘Бернабеу’ значат само едно нешто. Свирежите се предупредување, но за мене тоа е прифатливо предупредување после натпреварот кој го одигравме против Барселона. И покрај свирежите, Чуамени покажа карактер и одигра извонредно за тимот на својата природна позиција. Добивме свирежи во знак на предупредување, но кога фановите ни беа потребни на теренот, ‘Бернабеу’ повторно направи притисок и се покажа во вистинско светло. Секогаш е специјално да се игра кога трибините ќе го направат потребниот притисок“ – истакна Анчелоти на прес-конференцијата по мечот.
😱 Le public du Santiago Bernabéu s’en prend à Aurélien Tchouaméni et Carlo Ancelotti ! @damiancasol pic.twitter.com/fWrKXmfHty
— Le Journal du Real (@lejournaldureal) January 16, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

