Оле Гунар Солскјер конечно ќе му се врати на тренерскиот занает откако норвешкиот стратег реши да ја прифати понудата на Бешикташ за да седне на клупата на овој турски фудбалски гигант.
Норвежанецот беше поврзуван со Бешикташ и во текот на летото, „црно-белите“ од Истанбул тогаш го избраа Ван Бронкхорст за нов тренер, но по слабите резултати експресно ја прекинаа соработката со холандскиот стручњак. Солскјер беше прв избор во изминатиот месец, а преговорите конечно вродија со плод, па Норвежанецот е подготвен за преселба во Турција, каде за ривал ќе го има Жозе Мурињо како тренер на Фенербахче.
Работата во Бешикташ ќе биде прв ангажман на Солскјер по заминувањето од Манчестер Јунајтед во 2021 година. Тој ја почна тренерската кариера како предводник на младинската екипа на Јунајтед, потоа три години работеше во Молде, се пресели на чело на Кардиф Сити, по што следеше преселба на менаџерската фотелја на „Олд Трафорд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

