Доменико Тедеско доби отказ на местото селектор на фудбалската репрезентација на Белгија поради лошите резултати, но и покрај лошиот однос што го имаше со првите ѕвезди на оваа репрезентацјиа.
Белгијците ќе бидат противник на Македонија во квалфикациите за Светското првенство, а во двобојот против нашата селекција ќе бидат со нов селектор. На последните десет натпревари, Белгија победи само двапати и тоа е главната причина за отказот.
Како најголем фаворит за селекторската позиција се споменува легендарниот Тјери Анри кој му беше помошник на Мартинез кога тој ја предводеше оваа селекција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

