ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Ракометната репрезентација на Македонија го претрпе првиот пораз на СП 2025 откако вечерва по голема борба загубивме од Холандија со резултат 32-37. Избраниците на Лазаров во големи периоди од натпреварот целосно му парираа на фаворитот, но на крајот како клучна се покажа завршницата на првото полувреме во кое „лалињата“ се одлепија резултатски и стигнаа до водство што знаеја како да го задржат до самиот крај. Во моментите кога покажавме карактер и дадовме се за да се вратиме, данските судии со бројни исклучувања и пенали за противниците се погрижија Холандија во мирен финиш да го приведе мечот до крај.
„Тежок натпревар каде што беше многу тешко да се игра. Направивме многу грешки кои нашиот противник ги искористи. Треба да го добиеме натпреварот со Гвинеја, па потоа да размислуваме на втората фаза“, изјави Митревски по мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

