Никола Јокиќ се врати на теренот и повреден, се уште со безбедносен ракав на повредениот лакт, за само да му помогне на Денвер да дојде до победа од 133-113 на еден од синоќешните натпревари во НБА лигата.
И, тоа помош со уште еден „трипл-дабл“ од 24 поени (9/12 шут, 1/2 тројки, 5/5 слободни), 12 скока и 10 асистенции. Ова е негов 17. „трипл-дабл“ сезонава, и 147. во кариерата.
Џамал Мареј беше исто така извонреден со 30 поени, седум скока и осум асистенции.
Минесота славеше над Њујорк во „Медисон сквер гарден“ со 116-99, предводена од Ентони Едвардс со 36 поени, 13 скока и седум асистенции. Кај Никси најефикасен беше Џејлен Брансон со 26 поени и пет асистенции.
Во останатите мечеви Бостон го победи Орландо со 121-94, Милвоки беше подобар од Торонто со 130-112, Шарлот на гости славеше со Чикаго со 123-125, а Далас беше подобар од Оклахома со 106-98. Сан Антонио го победи Мемфис со 112-140, а ЛА Лејкерс беа подобри од Бруклин со 102-101.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

