Никола Јокиќ се врати на теренот и повреден, се уште со безбедносен ракав на повредениот лакт, за само да му помогне на Денвер да дојде до победа од 133-113 на еден од синоќешните натпревари во НБА лигата.
И, тоа помош со уште еден „трипл-дабл“ од 24 поени (9/12 шут, 1/2 тројки, 5/5 слободни), 12 скока и 10 асистенции. Ова е негов 17. „трипл-дабл“ сезонава, и 147. во кариерата.
А, десеттата негова асистенција беше навистина посебна. Српскиот центар без да гледа преку глава го проигра Арон Гордон, кој потоа реализираше спектакуларно забивање.
„Морав да постигнам поени, не смеев да ја уништам таа извонредна асистенција“ – коментираше по мечот Гордон.
JOKIC IS UNREAL.
— Hoop Central (@TheHoopCentral) January 18, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

