Клајверт со хет-трик прописно го „потопи“ Њукасл на „Сент Џејмс Парк“ (ВИДЕО)

Борнмут ја прекина извонредната серија на Њукасл со 1-4 славејќи на гостувањето на „Сент Џејмс Парк“, благодарение на Џастин Клајверт кој запиша хет-трик.

Њукасл имаше девет последователни победи, шест од нив беа во Премиерлигата, но сега беше прописно „потопен“ од Борнмут.

Уште во 6. минута Клајверт го постигна својот прв гол на мечот, во 25. минута Бруно Гимараеш израмни на 1-1, а пред самиот крај на првото полувреме Клајверт даде уште еден гол за ново водство на Њукасл, од 1-2.

Во 92. минута Клајверт погоди од далечина со силен удар, тоа беше негов трет гол со кој Борнмут поведе со 1-3, за да во 96. минута заокружи на 1-4.


Се вчитува...