Ливерпул се врати на победите: Дарвин Нуњез блесна во судиското продолжение… (ВИДЕО)

Ливерпул се врати на победите, по двете претходни ремија, триумфирајќи со 0-2 на гостувањето против Брентфорд во 21. коло од Премиерлигата.

Во натпревар во кој „црвените“ целосно доминираа на мечот со 38 шута кон противничкиот гол, отпорот на домашните сепак го „скршија“ во судиското продолжение и тоа благодарение на нововлезениот Дарвин Нуњез кој беше стрелец на двата погодоци.

Нуњез најпрво погоди во 91. минута, а потоа постигна убав гол и во 93. минута за конечни 0-2, извлекувајќи три бода за својот тим.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...