Напаѓачот на Тотенхем, Доминик Соланке ќе мора да паузира подолго. Како што беше откриено, Соланке поради повреда на коленото ќе мора да паузира околу шест недели, што значи дека на теренот нема да биде до почетокот на март.
Ова е голем удар за Анже Постекоглу, кој веќе неколку пати јавно изјави дека на тимот, а особено на Соланке му е потребна помош во ротацијата. Тотенхем оваа сезона мина низ пекол со повреди, Тимо Вернер е надвор од терените од минатата недела, а Кристијан Ромеро и Мики ван де Вен од минатата недела.
Сепак, повредата на Соланке е можеби најголемиот проблем во моментов, бидејќи практично сега нема замена за него во згуснатиот распоред кој следува. Во следните шест недели тимот ќе одигра дури 10 натпревари во Премиерлигата, Лига Купот и во Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

