Каљари ја совлада екипата на Лече во 21. коло во Серија „А“, и освои значајни бодови за опстанокот во италијанската „елита“. Домашниот тим победи со пресврт во вториот дел, откако на полувремето имаше негатива од 0-1.
Пиероти во 42. минута ги шокираше домашните навивачи со гостинско водство.
Но, во последните 30 минути целосна „рапсодија“ на домашните играчи, кои преку Гаетано го најавија пресвртот, а го надополнија со головите на Луперто, Зортеа и Оберт за конечни 4-1. Четирите гола ги постигнаа за 23 минути.
И Парма на домашен терен имаше негатива на полувремето од Венеција, откако Похјанпало погоди во 20. минута од средбата. Сепак, Хернани од пенал во 56. минута донесе бод за Парма.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

