Реал Мадрид на домашен терен немаше проблеми во дуелот со Лас Палмас, и го совлада со 4-1, за лидерска позиција на табелата во Ла Лига.
„Кралевите“ имаа проблеми само во првите 18 минути, откако во почетните секунди гостите дојдоа до шокантно водство. Погоди Фабио Силва во голот на Куртоа за негатива на „Бернабе“.
Но, следуваше целосно будење на Реал Мадрид, па преку Мбапе од пенал во 18. минута успеаја да израмнат. Брахим Диаз во 33. минута направи пресвр, а во 36. минута одново погоди Мбапе за предност од 3-1 на полувремето, а згора на тоа имаше поништен гол на Мбапе.
Во вториот дел Родриго зголеми на 4-1, што беше конечен резултат на мечот.
Во финишот шанса доби и Алаба, кој се врати на теренот после повеќе од една година пауза поради тешка повреда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

