Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим искажа големи критики за екипата по поразот од Брајтон на домашен терен од 1-3.
Португалецот по натпреварот кажа дека ова е најслабиот тим во историјата на клубот.
„Ние сме дел од можеби најслабиот тим во историјата на Манчестер Јунајтед, и мораме да го признаеме тоа“, рече Аморим по поразот од Брајтон.
Португалскиот тренер потоа беше прашан за Рашфорд.
„Што и да се случува, нема да ставам играч за кого сметам дека не е најдобар за тимот“, изјави Португалецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

