Англискиот првак Манчестер Сити, влезе во победничка форма во Премиерлигата, а тоа го покажа и вечерва, откако му даде дури шест гола, и ја сочува мрежата чиста во дуелот со Ипсвич на гостински терен.
Победата избраниците на Пеп Гвардиола ја обезбедија по само 42 минути игра, откако имаа предност од 0-3, а потоа во вториот дел постигнаа уште толку.
Фоден ја почна гол серијата во 27. минута, а три минути подоцна Ковачиќ зголеми на 0-2. Фоден пред крајот на полувремето погоди за 0-3.
Доку во 49. минута успеа да зголеми на 0-4, а Халанд потоа на 0-5. Шестиот гол за Сити беше дел на Мекати во 69. минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

