Кузмановски: Тука се чувствуваме како да играме во Македонија, сите гинеме за овој дрес

Уште еден одличен меч одигра Филип Кузмановски во дресот на Македонија на ова Светско првенство. Со 12 голови, беше далеку над сите, и го задржа просекот на овој Мундијал.

Кузмановски ја пофали публиката која дојде во Вараждин да ги бодри репрезентативците и дека тој и неговите соиграчи се борат за Македонија.

„Навистина сме среќни за денешната победа. Мислам дека ова беше награда за напорната работа на подготовките. Одигравме добар меч со Унгарија, но немавме среќа. Тешко беше против Холандија, нема да коментирам што се случуваше, па затоа ќе кажам дека мора да ги глеаме само нашите грешки. Сите знаеме колку беше тешко да дојдеме на првенствово и мечот со Фарски острови. Мислам дека досега покажавме дека можеме и така ке биде и во втора фаза. Пред почна сала тука се чувствуваме како да играме во Македонија. Ќе ги анализираме противници и докажавме дека тактички сме подготвени. Момците се максинално фокусирани и гинат за дресот. Покажавме како треба да се бори за Македонија и треба да покажеме за што сме тука дојдени“, рече Кузмановски.

Се вчитува...